Надал: Против Новак е секогаш посебно

Од:

Рафаел Надал рече дека само ако игра агресивно има шанса против Новак Ѓоковиќ во финалето на US Open.

Шпанецот претходно во полуфиналето го победи Ришар Гаске со 3:0 во сетови и се избори за 37. дуел со српскиот тенисер. Ова ќе биде шести дуел меѓу нив во едно Грен слем финале, што го чини ова ривалство посебно.

Ова ќе биде ваш 37. дуел. Колку уживаш кога играш против него?

„Повеќе би сакал да играм против некој друг, но што е тоа е. На крајот на краиштата морам да бидам искрен, не морам да бидам глупав. Би сакал во финалето да играм против некој против кого ќе имам поголеми шанси за победа. Но, играм против него. Сме играле многу мечеви досега и секогаш играме возбудливи дуели. Кога играте такви мечеви се чувствувате посебно. Дури и кога го изгубив оној меч во Австралија бев среќен поради тоа што бев дел од тој дуел“.

„Полуфиналето на Ролан Гарос оваа година беше исто така емотивно. Пред неколку недели во Монтреал одигравме одличен меч на многу високо ниво. Тоа е добро и за двајцата, играме на високо ниво и мечевите се одлични поради тоа. Често имаме долги размени, ја доведуваме нашата игра до лимит и на крајот се станува многу тешко и за двајцата. Се надевам дека ќе бидам подготвен за тоа. Не знам, ќе се обидам. Морам да продолжам да играм агресивно и да одиграм многу добар меч. Само во тој случај би имал шанса. Тоа ќе се обидам“.

rafaPatiki

Изгледа дека Новак оваа година е малку понервозен на теренот од претходните. Што мислиш?

„Јас сигурно нема да зборам за тоа дали е нервозен или не. Навистина не знам, немам мислење за тоа. Но, одигра три Грен слем финалиња оваа година и едно полуфинале, па и не изгледа премногу нервозен“, рече Рафа низ насмевка.

Дали ти се допаѓа што имаш еден ден пауза пред финалето?

„Јас сакам да ги завршувам турнирите во недела, а не во понеделник. Но, мислам дека е фер да се заврши во понеделник, да им се даде по еден ден одмор на тенисерите. Се случува да се игра многу долго полуфинале и тогаш тенисерот има проблем наредниот ден“.

Рече дека би сакал да играш против некој друг. Дали победата против Новак вреди повеќе од останатите?

„Новак е голем ривал. Постојат и други, но точно е дека одигравме многу мечеви во кариерата, така што нашите дуели се посебни. А кога добивате прилика да ги победите најтешките ривали, победата тогаш е уште поспецијална. Но, не и во финалето на US Open. Во финалето на US Open е важен турнирот, не противникот“.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари