Надал преку Алмагро до финале

Од:

Петтиот тенисер на светот Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот во Акапулко.

Во шпанското полуфинале тој го совлада Николас Алмагро со 2:0, по сетови 7:5, 6:4.

Некогашниот рекет број еден, кој го игра третиот турнир по 7-месечната пауза, поради повреда на колената, во финалето ќе се сретне со Давид Ферер.

Алмагро одигра уште еден добар меч против Надал, но повторно покажа дека има комплекс од Шпанецот. Рафаел направи по еден брејк во двата сета и тоа му беше сосема доволно за уште еден триумф и пласман во финалето.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари