Надал: Не се плашам за коленото

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал изјави дека е подготвен зад себе да го остави негативниот скор кој го има на Вимблдон од 2012-та година.

Освојувачот на 3-от Грен слем во сезоната од 2008-ма и 2010-та година, последните три сезони на трева одиграл четири меча, а три од нив изгубил.

На претходните два Вимблдона беше поразен во првото, односно второто коло, а сега на стартот го очекува дуел со Мартин Клижан.

„Се чувствувам подобро отколку последните неколку години. Можам да се движам послободно на теренот и не се плашам за коленото. Тоа ми е најважно. Вистина е дека немам многу мечеви на трева последните години. Но уверен сум дека повторно можам да дојдам до добар резултат. Не зборувам за титула, туку за подобра игра од претходно“, нагласи Надал.

Турнирот во Хале Надал требаше да го искористи како подготовка за Вимболдон, но таму доживеа изненадувачки рана елиминација. На прашањето како го поминал времето до доаѓањето во Лондон, Шпанецот одговори:

„Се вратив дома и не тренирав воопшто. Поминав неколку дена со семејството и пријателите. Бев на плажа, дури бев и на една забава минатата сабота“.

Големиот ривал на Надал, Федерер верува дека доколку Шпанецот ги помине првите две кола има големи шанси за титила. Доколку стигнат до полуфиналето на Вимболдон тие ќе играат еден против друг.

„Рафа може да биде малку послаб во првите рунди, кога не сме навикнати на свежата трева. Како поминува турнирот, теренот станува сличен како тврдата подлога, со малку трева. Тогаш е полесно да се движиш, топчето повеќе отскокнува и теренот е онаков на каков сме навикнати. Ако ги помине првите две кола, верувам дека ќе игра како кога го освојуваше Вимблдон“, рече Федерер.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари