Надал: Не брзам да се вратам

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека опоравувањето тече по план и дека нема да се врати на теренот се додека во потполност не оздрави.

Освојувачот на 11 Грен слем титули и моментално 4-ти тенисер на светот, рече дека и понатаму чувствува болка во левото колено и за враќање ќе размислува кога ќе биде добро.

„Работам колку што можам и правам се што ме советуваат лекарите. Единствено што ми е потребно е време.

– Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните недели. Приоритет ми е во потполност да се опоравам. Не брзо, туку потполно. Секако би сакал тоа да биде што поскоро, но најважно е да бидам сигурен дека е се во ред“, изјави Рафаел Надал.

Надал не игра од Wimbledon, кога беше елиминиран во второто коло. Поради повреди со колената, Шпанецот мораше да паузира неколку пати во кариерата, а овој пат ги пропушти Олимписките игри во Лондон и US Open.

Шпанскиот тенисер оди редовно на интензивна физиотерапија и третмани со ласер, а докторот на Шпанската тениска федерација Анхел Руис-Которо рече дека Надал би можел да се врати на терен во рок од еден месец.

„Мислам дека тенисот е многу агресивен спорт, а колената најмногу трпат кога играте на тврда подлога. На брзите терени, движењата се поагресивни и кога давате максимум, телото го терате до граница на издржливост. Јас имам проблеми со колената, другите тенисери имаат други проблеми.

– Реалноста е дека на 26 години, по 10-годишна кариера, имам среќа што колената не ме спречија да се натпреварувам на високо ниво, долги години. Се надевам дека тоа нема да ми пречи кога ќе се вратам“, нагласи Надал.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ