Националните фудбалски федерации бараат одложување на Евро 2020, претседателот на УЕФА Чеферин e против

Од:

Фудбалските федерации на неколку земји побараа од УЕФА да го одложи Европското фудбалско првенство 2020, објави италијанското издание на „Тутоспорт“.

Причина за ваквото барање е ситуацијата со коронавирус.

Федерациите се надеваат дека ќе имаат можност да ги комплетираат национални првенства, на кои им се заканува прекин.

Се наведува дека една од можните опции е да се одложи ЕП за следната година.

Во исто време, се посочува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е против оваа идеја.

Тој се надева дека ќе постојат услови за одржување на Евро 2020 во предвидениот термин, од 12 јуни до 12 јули.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ