МЗТ Скопје Аеродром – Куманово во финалето на купот

Од:

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Куманово вечерва со почеток од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе играат во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Куманово ќе се бори за првиот трофеј во ова натпреварување во своето прво финале, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе го „брка“ шестиот куп-трофеј. Тимот од Аеродром е бранител на пехарот освоен минатата година.

МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале беше поуспешен од Фени Индустри со 74:66, а Куманово во неизвесен меч синоќа против Кожув се врати од минус 19 и успеа да победи со 92:87.

МЗТ ќе го игра своето јубилејно десетто финале во Купот на Македонија, додека Куманово со пласманот во оваа фаза од натпреварувањето, стигна до најголемиот успех во клупската историја.

Актуелниот македонски шампион ги освојуваше своите куп-трофеи во низа од по два. Победник беше 1996 и 1997 година, потоа во 1999 и 2000 година, па сега останува да се види дали вечерва со евентуална победа ќе го повтори истиот успех третпат во историјата, откако лани, со победата над Фени Индустри во финалето, го освои својот петти трофеј.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ