Милевски: Уверен сум дека ќе ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн

Од:

Ден пред натпреварот против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и играчот за врска Стефан Спировски ги изнесоа своите очекувања од дуелот во Вадуц.

– Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација, изјави селекторот Милевски.

Од своја страна, Спировски во име на соиграчите најави максимална пожртвуваност за остварување на зацртаната цел и освојување на важни три бодови во трката за пласман на Мундијалот идната година во Катар.

– Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме. Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел, порача Спировски.

Натпреварот се игра утре со почетокот во 20:45 часот на стадионот „Рејнпарк‘ во Вадуц.

Би можело да ве интересира

Извлечени двојките за воведното коло во македонскиот фудбалски Куп

Милевски ќе остане селектор до крајот на квалификациите за ЕВРО 2024

Милевски и Елмас: Максимално ангажирано и на победа против Фарски Острови

Милевски: Ја добивме најтешката група, но веруваме во себе

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа

Милевски: Мора да бидеме поконкретни во завршницата