Мијатовиќ: Голема е веројатноста Мурињо да се врати во Реал

Од:

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, смета дека Жозе Мурињо може да се врати на тренерската позиција во „Кралскиот клуб“.

Португалецот пред два дена доби отказ од Манчестер Јунајтед.

– Не можам да кажам во проценти колкави се шансите, но постои можност и тоа голема. Зошто го тврдам ова? Затоа што Флорентино Перес го сака Мурињо и мислам дека го контактира секогаш кога доаѓа до смена на тренерот, изјави Мијатовиќ.

Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година и го освои шампионскиот трофеј во сезоната 2011/2012.

Во Лигата на шампионите, Реал под водство на Мурињо три пати беше елиминиран во полуфиналето – од Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија