Меси во првото интервју: Се „палев“ на манекенки

Од:

Пред околу дванаесет години, Лионел Меси го даде неговото прво интервју за сериозен весник.

Тоа се случи на 3-ти Септември  во 2000-та година. Разговорот со тогаш 13-годишниот Меси беше објавен во весникот „Ла Капитал” од Росарио, родното место на ѕвездата на Барселона и според многу мислења најдобриот  играч на денешницата.

„Меси е момче кое не само што  ветува, туку исто така, има голема иднина. И покрај нискиот раст, може да помине еден, двајца или тројца ривалски  играчи, а потоа да постигне гол”, пишува  во предговорот, авторот на  интервјуто.
Издвојуваме дел од 0дговорите на некои прашања:

Идоли: Тато и мојот кум Хорхе Клаудио.
Играчки идоли: Мојот брат и братучед.
Клуб за кој навиваш: Newell’s
Хоби: Слушање музика.
Вид на музика: Cuarteto и cumbia.
Омилени списание: Pasion Rojinegra.
Книга: Библијата.
Филм: Baby’s Day Ou
Друг спорт: Ракомет.
Омилен модел: Никол Нојман.
Храна: Пилешко и сос од домати.
Предмет во училиште: Јазици.
Студии: Наставник за физичко образование.
Главната цел: Да го заврши средното училиште.
Мото: Биди прв.
Радост: Кога станавме пионерски шампиони.
Тагата: Смртта на  баба ми.
Сон: Да играм за Newell’s
Se’avawe : Кога баба ми ми ја купи првата топка.
Анегдота: На патување во Перу.
Хуманост: Ова, луѓето никогаш не треба да го загубат.
Фамилија: Тато Хорхе, мајка Селиа, браќа Родриго и Mатиас и сестра Mарисол.
Пријатели: Фала му на Бога, јас имам многу. Не сакам да ги именувам за да не заборавам некого.

И покрај огромниот талент, Меси беше принуден да ја напушти Аргентина, бидејќи  никој не сакаше да го финансира неговиот третман за дефицит на хормонот за раст, иако тоа чинеше само  неколку стотини евра месечно.

Тука во пресрет излезе  Барса. Сепак, ни тука не одеше лесно. Carles Rexach требаше да го вложи целиот авторитет во клубот, за лидерите на клубот да се согласат и да прифатат лекување на болното момче.

Се натаму е историја.

 

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ