Меси најверојатно ќе го пропушти судирот со Италија

Од:

Големата ѕвезда на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси најверојатно ќе го пропушти контролниот меч со Италија, кој ќе се одигра вечерва од 20:45 часот на „Етихад“ стадионот во Манчестер.

Носителот на пет „Златни топки“ добил лесна повреда, која ќе му попречи да земе учество во денешниот судир, пренесе „Премиум Спорт“.

Меси се очекува да се врати на следната контролна средба на „гаучосите“ со Шпанија, закажана за четврток.

Неговото место на теренот против „азурите“ веројатно ќе го заземе ѕвездата на Севиља, Евер Банега.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ