Меси: Ако не станеме светски прваци, сите ќе сакаат да си заминеме од репрезентацијата

Од:

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси на нешто помалку од три месеци пред стартот на Мундијалот во Русија, изјави дека секој друг исход освен освојување на трофејот ќе значи притисок врз играчите да го напуштат националниот тим.

– Нашите амбиции се да одиграме добро на големото натпреварување. Очекуваме да доживееме нешто слично на 2014 година, но со различна завршница. Ако не го освоиме Светскиот куп, ќе бараат од сите нас да го напуштиме репрезентативниот тим, рече Меси.

Неверојатно е што насекаде низ светот сакаат трофејот да биде за Аргентина. Од сите краишта на светот ми посакуваат успех и стискаат палци за нас. Навистина е импресивно тоа што го доживувам секаде каде се среќавам со фановите, додаде Меси.

Аргентина на Мундијалот во Русија е во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ