Најдобриот фудбалер на Монако во минатата сезона, Килијан Мбапе изјави дека кариерата сака да ја продолжи во Реал Мадрид.
– Реал или не одам никаде, изјавил Мбапе, пренесува шпанска „Марка“.
18-годишниот фудбалер веќе го известил раководството на Монако дека има желба да се пресели во Мадрид, а интересот е двостран ако се има предвид дека и актуелниот европски шампион го посакува напаѓачот на Монако во своите редови.
Токму Мбапе се посочува како можна замена за Кристијано Роналдо кој изјави дека сака да ја напушти Шпанија поради проблемите со Државното обвинителство околу обвинението за затајување данок.
За Мбапе голем интерес покажуваат и премиерлигашите Арсенал, Манчестер Јунајтед, како и Пари Сен Жермен.