ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Од:

Момче загина во францускиот град Монпеље поради судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство.

Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа се вели дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил префрлен во болница, но набргу по пристигнувањето починал.

Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.

Претходно Франција го совлада Мароко со 2:0. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат толпи луѓе на улица кои се движат околу автомобил кој вози непречено.

Навивачите на Франција и на Мароко претходно се судрија и во Париз.

Околу стотина навивачи синоќа беа приведени во Брисел поради нереди откако Мароко загуби со 2:0 од Франција во полуфиналниот натпревар на Светското првенство, јави агенцијата Белга, повикувајќи се на полицијата.

Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата рано утринава.

Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. Сликите од вчера вечер покажуваат купишта запалено ѓубре, како и голем број полицајци во опрема за немири на улиците на Брисел.

Неколку лица беа уапсени и во текот на судирите во Антверпен, северно од главниот град, објави Белга.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски