Мбапе побарал да стане лидер во ПСЖ и барал да се растури „аргентинската република“

Од:

Килијан Мбапе, наводно побарал од Пари Сен-Жермен да се растури „аргентинската република“ во клубот и посакал тој да биде единствениот лидер во клубот, тврди „УОЛ еспорте“, одговорајќи на зголемената тензија во клубот која беше забележана на последниот меч против Монпелје, кога влезе во директен конфликт со Нејмар.

Според нивните извори, Мбапе е во конфликт со повеќе фудбалери на клубот, и наводно побарал од претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи да се растури „аргентинската република“ во соблекувалната, во која биле Лионел Меси, Анхел ди Марија, Мауро Икарди и Леандро Паредес, како и Шпанецот Андер Ерера и голманот од Костарика, Кејлор Навас. Тие додаваат дека иако статусот на Меси е „недопирлив“, другите фудбалери веќе ја почувствувале моќта на Французинот.

Ди Марија веќе замина во Јувентус, Икарди и Паредес добија порака да бараат нов клуб, додека се очекува и Ерера и Навас да бидат продадени до крајот на преодниот рок. Почетокот на „растурањето“ на Аргентинците, почнало со отказот на тренерот Маруисио Почетино, нешто на што посебно инсистирал Мбапе.

Мбапе исто така го поддржувал новиот „француски ред“ во клубот почнувајќи со тренерот Кристоф Галтие, како и доаѓањето на дефанзивецот Норди Мукиеле и Иго Екитике.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ