Играчот на Монако, Килијан Мбапе, својата кариера нема да ја продолжи во Реал Мадрид, туку најверојатно ќе го облече дресот на ПСЖ, пишува шпанска „Марка“.
Килијан Мбапе имаше договор со Реал, но решавачката одлука ја донело неговото семејство, кое сакало да остане во Франција и од таа причина тој ќе игра за ПСЖ, тврди шпанскиот весник.
Француските медиуми, пак, објавија дека двата клуба, ПСЖ и Монако, постигнале договор за обештетување во висина од 160 милиони евра, плус дополнителни 20 милиони евра во вид на бонуси.
Мбапе, кој има 18 години, минатата сезона ја заврши со 27 постигнати голови и 17 асиситенции на 59 натпревари во дресот на Монако. Од нив шест голови постигна во Лигата на шампионите.
Мбапе има одиграно и четири натпревари за А репрезентацијата на Франција.