Мареј втор финалист на Австралија Опен

Од:

Шкотскиот тенисер и третиот носител Енди Мареј ќе игра во финалето на првиот годинашен Грен слем Австралија Опен. Тој во денешното полуфинале го победи Рожер Федерер (Швајцарија) со 3:2 и доби можност по третпат да се бори за трофејот од овој престижен турнир.

Мареј предмалку по четиричасовна борба против вториот фаворит во Мелбурн ги доби првиот, третиот и петтиот сет (6:4, 6:3 и 6:2), а ги загуби вториот и четвртиот во тај-брејк.

Противник на Мареј во неделното финале ќе му биде првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) кој вчера во првото полуфинале убедливо со 3:0 во сетови го совлада Давид Ферер (Шпанија).

Досега Мареј и Ѓоковиќ одиграле седум финални мечеви на турнири. Поуспешен е Шкотланѓанецот кој води со 4:3 во победи.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ