Манчини ги осуди италијанските навивачи поради свирежите кон Донарума

Од:

Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги осуди навивачите за свирежите упатени кон голманот Џанлуиџи Донарума, синоќа за време на полуфиналето на Лигата на нации на УЕФА против Шпанија (1:2).

– Се разбира, ваквата постапка не му се допадна ниту на Џиџи ниту на некој друг во репрезентацијата. Сепак, Донарума добро се снајде. Ние сме вознемирени затоа што тоа беше репрезентативен натпревар, а не клупски натпревар. Навивачите можеа да го зачуваат сето ова за друга прилика. На пример, средбата ПСЖ – Милан, бидејќи италијанската репрезентација е пред сè и над сè, го цитира Манчини „Фудбал Италија“.

Во летото 2021 година, Донарума се приклучи на ПСЖ од Милан како слободен агент, одбивајќи неколку понуди да го продолжи договорот со италијанскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата