Манчестер Јунајтед почна преговори со Мата и Ерера за нови договори

Од:

Манчестер Јунајтед не планира да се раздели од Хуан Мата и Андер Ерера, објави „Скај Спортс“, најавувајќи дека раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со двајцата играчи од средниот ред за нови договори.

До неодамна, се тврдеше дека Мата нема да го продолжи договорот со Јунајтед и следното лето ќе премине во Арсенал како слободен играч.

За Ерера, пак има интерес од клубови во Примера, како и од неговиот поранешен тим Атлетик Билбао.

Оваа сезона Мата играше на девет натпревари и постигна еден гол плус една асистенција во Премиер лигата.

Ерера не успеа да се запише во листата на стрелците во шесте одиграни натпревари за англиската елита.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер