Македонските кошаркарски репрезентативци се преселија во Охрид

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија од вечерва се наоѓа во Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките за претстојните евро-квалификации.

Во нашиот туристички центар ќе се одигра турнирот Охрид 2014, на кој покрај Македонија ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Грузија и Австрија.
Натпреварите ќе се играат од 16 до 18 јули, Македонија своите натпревари ќе ги почнува од 20 часот и 30 минути.

По завршувањето на турнирот во Охрид, репрезентацијата повторно ќе се врати во Скопје, каде ќе ја очекува нов подготвителен турнир.

Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Италија, Црна Гора и Полска, а натпреварите ќе се играат од 25 до 27 јули.

Квалификациите за Евробаскетот почнуваат на 10 август.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ