Македонија со еден атлетичар на ЕП за младинци

Од:

Ристе Пандев е единствениот македонски атлетичар кој ќе настапи на 22.Европско првенство за младинци кое се одржува во Риети, Италија.

Пандев денеска (во 11:40 часот) ќе се појави на стартот на квалификациите на 100 метри во дисциплина во која се пријавени 48 атлетичари.

Македонскиот атлетичар е и сениорски рекордер на Македонија со истрчани 10.61 секунди на 15 јуни годинава, што воедно значеше и норма за Европското првенство.

Пандев кој е член на АК „Струмица“ е предводен од неговиот тренер Ванчо Стојанов.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата