Лигата на нациите можност за директен пласман на ЕП

Од:

Во септември следната година ќе стартува новото натпреварување под закрила на УЕФА, Лигата на нациите на Европа преку кое четири репрезентации ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство 2020.

Предвидено е во новото натпреварување да учествуваат сите 55 репрезентации, а термините на одигрување на натпреварите да бидат оние за пријателски средби.

Селекциите ќе бидат поделени во четири групи (лиги) 55 национални тимови, и ќе бидат поделени во четири лиги. А и Б лигата ќе има четири групи со по три репрезентации, Ц лигата 14 селекции, додека останатите ќе играат во Д-групата.

Местото на репрезентацијата во која лига ќе игра ќе зависи од рејтингот, најсилните ќе бидат во А, додека најслабите во Д лигата.

Победниците на групите ќе се пласираат во повисок ранг, а четирите најслаби пак ќе се симнат еден ранг подолу.
Првопласираните од сите 16 групи ќе играат во плеј-офот, а најдобрите четири од секоја лига обезбедуваат место на ЕП. Во случај некоја репрезентација преку квалификации да има изборено пласман на евро-шампионатот, тогаш следниот најдобро пласиран ќе го заземи неговото место.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ