Лендл: Мареј е најдобар

Од:

Прославениот чешки тенисер Иван Лендл кој е ангажиран како тренер на Енди Мареј изјави дека неговиот „клиент“ е најдобар на светот.

– Во моментов нема подобар тенисер од Мареј. Новак е голем играч, има феноменални резултати последниве две-три години, но тој сега е изложен на психолошки притисок по поразите од Енди. Со двата освоени Грен Слем и олимпиското злато, шкотскиот тенисер веќе има стекнато потребно искуство и се наоѓа во резултатски подем во неговата кариера, истакнува Лендл.

Според него искуство од играњето во ланското финале било пресудно Мареј да победи оваа година на Вимблдон.

– Ако Мареј минатата година не играше во финалето, веројатно оваа година немаше да победи во завршницата. Тој лани во мечот со Рожер Федерер доби значајно искуство, истакна тренерот на победникот на Вимблдон 2013.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ