„Лекип“: Меси најплатен светски фудбалер

Од:

Аргентинецот Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот, според ранг листата што ја состави француски „Лекип“.

Месечната бруто плата на капитенот на “Барселона” е 8,3 милиони евра за разлика од Кристијано Роналдо кој во “Јувентус” заработува 4,5 милиони евра.

Трет е Бразилецот Нејмар чии три милиони евра во “ПСЖ”, го прават најплатен играч во Франција.

По нив е напаѓачкиот двоец на “Барселона”, Антоан Гризман и Луис Суарез кои на „Камп Ноу“ имаат плата од приближно три милиони евра.

Во топ 10 има и двајца членови на “Реал Мадрид” – Герет Бејл и Еден Азар кои се платени по 2,5 милиони евра месечно, потоа Фелипе Кутињо.

На последното место на листата на десет најлатени фудбалери во светот е француски репрезентативец, Килијан Мбапе со месечна плата од околу два милиона евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Во БиХ: Загинаа двајца фудбалери во сообраќајна несреќа

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ