Лалана го продолжи договорот со Ливерпул, ќе добие шампионски медал

Од:

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана повторно стави потпис на нов краткорочен договор со Ливерпул до крајот на оваа сезона, официјално беше објавено на веб-страницата на клубот.

На овој начин, играчот ќе може да учествува на прославите на крунисувањето на тимот за шампион на Англија. Тековниот договор на играчот беше до крајот на месецот, а тој се очекува да се пресели во Лестер по крајот на кампањата, и покрај интересот од Тотенхем, Арсенал, Бурнемут и Барнли.

Англичанецот веќе 6 години игра за тимот од Мерсисајд и важи за една од водечките фигури во соблекувалната на Јирген Клоп.

Германскиот стратег изјави дека сака да се потпира на својот играч за претстојните 9 натпревари до крајот на сезоната и од оваа причина е постигнат договор.

Лалана има забележано 22 натпревари, од кои 15 во Премиер лигата, и спокојно ќе може да освои медал, доколку „црвените“ станат шампиони за прв пат од 1990 година.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ