Крањчар го пропушта Светското првенство

Од:

Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска Нико Крањчар поради повреда (тетива) добиена во саботата на бараж дуелот за влез во Премиер лигата меѓу КПР и Дерби Каунти, нема да може да биде на располагање на селекторот на Хрватска, Нико Ковач за претстојното Светско првенство.

Во текот на дуелот Крањчар беше заменет и по направените прегледи дадена е препорака за мирување околу четири недели, што значи дека играчот ќе мора да го пропушти Мундијалот во Бразил.

Крањчар за Хрватска има одиграно 81 натпревар.

Отказот на Крањчар е трет во редовите на хрватската репрезентација, откако претходно поради повреди од списокот на селекторот отпаднаа: Иван Струниќ (Днипро) и Иво Иличевиќ (Хамбургер).

Хрватска првиот натпревар на Светското првенство го игра против домаќинот Бразил на 12.јуни на Свеченото отворање.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

А1он