Кошаркарите на Вардар подобри во Феникс во кадетското финале

Од:

Младите кошаркари на Вардар ја освоија шампионската титула во кадетска конкуренција откако во финалето ја совладаа екипата на Феникс 2010 од Скопје.

Вардарци во финалниот меч на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 16 години (родени 2001-ва и помлади) кој се одржа во малата сала на СРЦ „Кале“, во многу интересен и докрај неизвесен натпревар забележаа победа со 75-71, против ривалот Феникс.

Адриан Наумоски кој средбата ја заврши како најефикасен со 22 постигнати поени, притоа без промашување во ударите за „тројка“ (6 од 6), сосема заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на турнирот (МВП). Во поразената екипа се истакна Никола Кацарски со дабл-дабл учиник од 14 поени и дури 19 скокови.

Во дуелот за бронзениот медал во кој играа две екипи на Партизан Водно Санс подобра беше повозрасната (играчи родени 2001) која славеше победа со 84-54.

„Неделата на мак-баскетот“ ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој ќе се игра денеска и утре во салата „Шабан Трстена“ во скопската населба Чаир.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ