Коронавирусот го нокаутира тенисот: Нема АТП турнири до 31 јули

Од:

Суспензијата на АТП турнејата е продолжена до 31 јули поради пандемијата на коронавирус, соопштија од асоцијацијата. Турнирите за мажи во Хамбург, Њупорт, Лос Кабос, Гштад, Умаг, Атланта и Кицбил нема да бидат закажани според очекувањата.

– Поради континуираната неизвесност околу ситуацијата со коронавирусот, за жал мора да ја објавиме нашата одлука за продолжување на суспензијата на Турнејата“, се вели во изјавата на претседателот Андреа Гауденци.

Како љубители на тенисот, играчите и организаторите на турнирите ширум светот, вели тој, ние го делиме разочарувањето што Турнејата продолжува да страда од оваа тешка ситуација.

– Ние продолжуваме внимателно да ги разгледуваме сите опции во обид да го обновиме машкиот тенис што е можно поскоро, вклучително и флексибилноста на одржување на турнири подоцна во текот на годината. Повеќе од кога било, здравјето и безбедноста на тениската заедница и пошироката јавност останува наш главен приоритет во секоја одлука што ја носиме, додаде тој.

Во меѓувреме, портпаролот на Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека турнирите во Баштад, Лозана, Букурешт и Јурмала нема да се одржат поради пандемијата. Сепак, женските турнири во Палермо (20-26 јули) и Карлсруе (28 јули-2 август) сè уште остануваат на линија.

– Одлуката за турнирите во Палермо и Карлсруе ќе биде донесена по дополнителни информации, што Женската тениска асоцијација ќе ги претстави во јуни. За жал, ние мора да ги откажеме овие турнири, но ние продолжуваме да ги следиме лекарските препораки и ќе ја продолжиме сезоната едвај кога е безбедно да се стори тоа. Ние ќе ја следиме ситуацијата постојано и се надеваме дека ќе бидеме повторно на теренот што е можно поскоро, рече портпаролот на ВТА.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ