Клаудио Браво пред трансефр во Манчестер Сити

Од:

Новиот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е на чекор да оствари ново засилување во екипата. Станува збор за голманот на Барселона, Клаудио Браво.

Браво (33), кој е и репрезентативец на Чиле треба да ги мине медицинските прегледи и да добие „зелено светло“ за трансфер во премиерлигашот.

На стартот од Премиер лигата голот на „граѓаните“ го бранеше Вили Кабаљеро со што Гвардиола му стави до знаење на, до лани првиот голман на Манчестер Сити, Џо Харт дека нема да смета на неговите услуги како прва опција.

Англискиот репрезентативец Харт, на денешниот тренинг имаше и караница со менаџерот по што го напушти тренингот. Голманот на англиската репрезентација според оценките на медиумите од Англија не се вклопува во тактиката на Гвардиола. Проблем за трансфер на Харт во друг клуб е неговата висока плата, која ја има во моментов, а други екипи не се располжени да му ја дадат.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ