Казната за Адеми ќе се знае на 16. ноември

Од:

Дисциплинската комисија на УЕФА го одложи соопштувањето на казната за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој падна на допинг тестот по натпреварот на Динамо Загреб против Арсенал во 1. коло од Лигата на шампионите.

Адеми на двата теста беше позитивен и се соочува со суспензија до четири години.

– УЕФА се реши да ја пролонгира одлуката за допинг-случајот на Аријан Адеми за три недели и дисциплинската комисија на УЕФА ќе ја соопшти истата на 16 ноември, стои во информација на клупската веб страна на Динамо.

Македонскиот репрезентативец во меѓувреме доби поддршка како од клубот, така и од репрезентативните колеги.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ