Халфот на Реал Мадрид – Карлос Енрике Каземиро, зборуваше за евентуалното привлекување на Пол Погба и Еден Азар во „белиот“ клуб.
Според бразилскиот репрезентативец, соблекувалната на Реал ќе им посака добредојде и на двајцата.
– Во Реал треба да играат најдобрите. Азар и Погба се големи играчи. Но не можам да зборувам за луѓе кои не се во тимот. Но како и сите големи играчи, и тие ќе бидат добредојдени, вели Бразилецот.
На прашањето за шпекулациите за пристигнувањето на Нејмар на „Бернабеу“, тој вели дека тоа би било прекрасно.
– Тој исто така е голем фудбалер. Но за тоа одговара претседателот. Тој мора да одлучи. Пред извесно време Нејмар ми кажа дека е среќен во Париз. Јас лично чувствувам задоволство да играм со него во репрезентацијата на Бразил, изјави Каземиро за евентуалните нови пополнувања.