Напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани договорил тригодишен договор со Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми повикувајќи се на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.
Договорот за напаѓачот со парискиот клуб ќе важи до јуни 2020 година.
Кавани игра за ПСЖ од 2013 година. За време на неговиот престој во парискиот клуб има одиграно 290 натпревари, постигнато 196 голови и забележано 40 асистенции.