Карпош Соколи домаќин на МЗТ Скопје во вториот дуел од финалето на плеј-офот

Од:

Куп освојувачот Карпош Соколи ќе го пречека актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот дуел ос финалната пресметка за трофејот во македонското првенство.

Домаќините посакуваат реванш за поразот во Аеродром во неделата, додека МЗТ Скопје се надева на успех по што ќе му треба само едена победа да ја одбрани титулата.

– Го загубивме првиот натпревар иако одигравме храбро и бевме на чекор до триумф. Продолжуваме понатаму „машки“ и со максимална борбеност ќе се обидеме да се вратиме резултатски во серијата. Нека помине дербито во фер атмосфера, исто како што беше и на првата средба, изјави предводникот на „Соколите“ Драган Николиќ.

За тренерот на „аеродромци“ нема опуштање, бидејќи, како што рече, тоа може скапо да ја чини неговата екипа.

– Првиот натпревар со Карпош Соколи беше неизвесен и исцрпувачки, нешто што и очекувавме од една финална пресметка. Многу време за одмор немавме и моја желба е на вечерашниот дуел во текот на сите 40 минути да одиграме како во последната четвртина од средбата во која победивме. Дури тогаш бевме оние вистинските, нешто кон што треба да се стремиме во мечот кој е пред нас. Мора да бидеме агресивни, да внимаваме на нивната транзиција и шут од далечина, а истовремено да бидеме трпеливи во нападот, каде што максимално мора да му веруваме на системот. Противникот е опасен и секое и најмало опуштање може скапо да не чини. Важно е да се почне добро натпреварот и уште од стартот да се префрли притисокот на противникот. Ако успееме во тоа тогаш ќе бидеме многу поблиску до посакуваната цел, а тоа е водство со 2-0 во финалната серија, изјави Анте Назор.

Натпреварот ќе се игра вечер во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ