Карпош Соколи доби ривал од Естонија во првото квалификациско коло за ЛШ

Од:

Екипата на Калев Крамо од Естонија е првиот противник на Карпош Соколи во Лигата на шампиони организирана од ФИБА.

Денешниот ждреб одржан во просториите на ФИБА одлучи естонскиот претставник да биде клубот против кој македонскиот вицешампион ќе се бори за понатамошен пласман.

Првиот натпревар, во рамки на првата квалификациска рунда Карпош Соколи ќе го одигра на домашен терен во периодот од 19-21 септември, вториот се игра на гостински терен.

Доколку македонскиот вицешампион ја мине првата квалификациска рунда ќе се натпреварува во втората квалификациска рунда во периодот од 24-26 септември каде ривал ќе им биде Алба Фехервар.

Третата квалификациска рунда е предвидена за периодот 29 септември – 2 октомври. Победниците обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони која ќе започне на 10 октомври. Вкупно 32 екипи од Европа ќе се борат за титулата.

Во првото издание на ЛШ, изминатата сезона трофејот го освои Иберостар Тенерифе, додека македонскиот репрезентативец Џордан Теодор е прогласен за најкорисен играч (MVP) на сезоната.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски