Карлос Тевез: Јувентус може да ја освои Лигата на шампиони

Од:

Карлос Тевез најдобриот голгетер на италијанскиот првак Јувентус, верува дека неговата екипа може да триумфира во фудбалската Лига на шампиони.

Јувентус утревечер пред својата публика го игра првиот меч против францускиот претставник Монако во четвртфиналната рунда, во која се пласира со убедливиот настап во осминафиналето во кое го елиминира тимот на Борусија Дортмунд со вкупен резултат 5:1.

„Натпреварите против Борусија ни покажаа дека можеме да дотуркаме далеку во Лигата на шампионите. Се зависи од нас. Јувентус може да ја победи секоја екипа, тоа веќе го потврдивме. Ниедна екипа не е над нашите можности, едноставно, можеме да го освоиме трофејот“, изјавил Тевез за италијанскиот весник „Република“.

Тевез зад себе веќе има еден трофеј во Лигата на шампионите, од 2008 година со Манчестер Јунајтед.

„Ние сме екипа која тешко може да биде победена. Можеме да бидеме како Атлетико Мадрид од минатата сезона, но со посреќен крај“, дополни Тевез кој оваа сезона има постигнато 25 голови за Јувентус во сите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски