Јувентус започнува утре со тренинзи: Роналдо вечерва доаѓа во Торино

Од:

Јувентус ќе го продолжи тренинг процесот утре, по скоро два месеци пауза. По тој повод, денес првата група на играчи на клубовите од Торино ги извршија потребните лекарски прегледи и тестовите за коронавирус.

Фудбалерите кои престојуваа во Италија беа првите кои пристигнаа во здравствената установа на клубот. Тоа беа: Леонардо Бонучи, Федерико Бернардески, Хуан Куадрадо, Карло Пиноглио и Арон Ремзи.

Пристигнувањето на Кристијано Роналдо, кој го помина последниот период во родната Мадеира, се очекува вечерва.

Од друга страна, првиот италијански клуб кој продолжи со тренинзите е Сасуоло, скоро два месеци по последниот натпревар во Серија „А“ против Бреша.

Фудбалерите на Сасуоло имаат на располагање три терени за секоја група од шест играчи, со што се обезбедува минимално растојание од 20 метри за време на пвежбите.

После еден час тренинг, сите играчи веднаш се вратија во своите домови да се истушираат затоа што во тренинг-кампот не им беше дозволено да пристапат до соблекувалните и во салата.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ