Јотовски победи во 2.коло во Сомбор

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа во 2.коло на фјучрс турнирот во Сомбор, Србија да го совалада Степан Котулев (823 место АТП листа) од Русија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).

Со оваа победа Јотовски се избори за четвртфиналето, негово второ откако во мај беше четвртфиналист и на фјучрс во Египет.

Јотовски го доби првиот сет со 6:4 во гемови, додека во вториот сет беше убедлив и го реши во своја корист со 6:2.

Негов следен противник ќе му биде квалификантот од Хрватска Матеј Шабанов (1.563 место АТП листа). Шабанов во четвртфиналето се избори откако неговиот противник Теодор Крацион (Романија) му го предаде мечот. Романецот имаше предност од 1:0 во сетови во моментот на прекин.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ