Јотовски остана без финале во Египет

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето во двојки на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Попладнево тој заедно со Аргентинецот Данте Џенаро загубија од српската комбинација Данило Петровиќ и Илија Вучиќ. Јотовски и Џенаро освоија вкупно три гема и мечот го загубија со 6:2 и 6:1 во гемови.

Ова за нашиот тенисер беше последен настап за овој период во Египет бидејќи веќе од понеделник почнува со подготовките за настапот во дејвис куп репрезентацијата на Македонија.

Нашата репрезентација од 5 до 11 мај во Сегед, Унгарија ќе настапи во рамките на Третата Европска зона од ова натпреварување. Покрај Јотовски во составот на нашата репрезентација се уште: Димитар Грабул, Шендрит Деари и Предраг Русевски.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ