Јотовски годината ќе ја заврши со најдобар пласман

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски календарската 2014 година ќе ја заврши со најдобар ранг 546 место. Тој на најновата АТП листа објавена денеска направи скок од едно место и има освоено 59 поени.

Димитар Грабул се наоѓа на 641 место со пад од две позиции на АТП листата со 42 поена. Стефан Мицов е на 1.304 место, Шендрит Деари е 1.370 место, а Бесир Дургути 1.394 место.

Во двојки Јотовски е на 710 место, Деари е 1.242 место, Грабул 1.462 место и Мицов 1.820 место.

И најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има скок од едно место на ВТА листата во однос на претходната недела и се наоѓа на 400-та позиција со 79 поени. Таа во двојки го задржа истиот ранг 363 место, додека Магдалена Стоилковска во двојки се наоѓа на 958 место.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари