Јотовски го надигра првиот носител

Од:

Томислав Јотовски успеа во мечот од првото коло на турнирот во Нови Сад да го елиминира првиот носител Иван Бјелица од Србија. При водство од 1:0 во сетови и 4:1 во вториот сет Бјелица го предаде мечот.

Во текот не целиот меч македонскиот тенисер постојано водеше, а првиот сет го доби дури во тај брекот со 7:3.

И во вториот сет Јотовски имаше сигурно водство се до моментот кога Бјелица го предаде мечот.

Во следното коло Јотовски ќе игра со победникот од дуелот Матео Фаго – Слободан Јевтиќ.

На турнирот во Арад за жени Лина Ѓорческа победи во игра на двојки заедно со Романката Стефана Андреи. Тие ги совладаа Романките Дука и Фетекан со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2).

Утре во сингл Ѓорческа ќе игра против Барбара Котелешова од Словачка.

Попладенво настап во Белгија ќе има и Димитар Грабул, кој за противник го има Јаник Ројтер, кој е втор носител на турнирот.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари