Јотовски елиминиран на стартот во Анталија

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го загуби мечот од првото коло на фјучрсот во Анталија (награден фонд 10.000 долари).

Тој денеска беше совладан од квалификантот Михал Милко од Словачка со 6:2 и 6:3 во сетови.

За Јотовски ова беше прв меч по паузата поради повредата која ја имаше на скочниот зглоб.

Нашиот најдобар тенисер е пријавен и за настап на уште еден фјучрс турнир во Анталија.

Димитар Грабул вчера загуби исто така на стартот од 1.коло на фјучрсот во Лил, Франција (награден фонд 15.000 долари). Тој загуби од Французинот Костантин Бело со 6:7 (5:7), 6:3 и 6:4 во сетови.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари