Јанковиќ се надева дека нејзиното време допрва ќе дојде

Од:

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ по поразот од русинката Марија Шарапова на Мастерс турнирот, во Мајами изјави дека верува во себе и дека и понатаму може да освои Грен слем турнир.

-Мислам дека можам. Во претходните две години имав многу повреди, во Австралија имав проблем со стомачните мускулии не можев да играм три недели. Повредите знаат да фрустрираат, бидејќи не можете да постигнете нивото на игра кое што го сакате. Сепак верувам дека имам квалитети и дека можам да се натпреварувам со најдобрите. Вежбам напорно секој ден и се надевам дека моето време ќе дојде, изјави Јанковиќ.

Таа вчера во четврт финалето ја победи италијанката Роберта Вичи со 2:1 во сетови и немаше доволно време за одмор, бидејќи по само 15 часа мораше да го одигра мечот против русинката.

-Не се движев добро, се чувствував исцрпено. Имав само неколку часа за спиење, а потоа веднаш излегов на терен. Сепак секоја чест на Марија, играше добро и беше подобра, заклучи Јанковиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ