Ивановиќ со пресврт до најдобрите 16, Шведова освои златен сет

Од:

Најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ се пласираше во осминафиналето од најпрестижниот тениски турнир Вимблдон, откако ја совлада Германка Јулија Гергес во три сета.

Ана Ивановиќ по два часа борба ја доби Германката со 3:6, 6:3 и 6:4, а за четвртфиналето ќе игра против втората тенисерка во светот, Белорусинката Викторија Азаренка.

Казахстанската тенисерка Јарослава Шведова ја совлада Италијанката Сара Ерани со 6:0, 6:4 во третото коло на Вимблдон по само 57 минути игра.

Мечот ќе остане запаметен по тоа што Казахстанката првиот сет го освои без загубен поен.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ