Италија без повредениот Имобиле на фајнлфорот во Лига нации

Од:

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле поради повреда нема да биде во составот на Италија за завршниот турнир во Лигата на нации, кој од 6 до 10 октомври ќе се одржи во Милано.

Имобиле, како што јавија денеска италијанските медиуми, ќе биде подложен на лекарски прегледи поради мускулната повреда по што ќе биде познато колку ќе трае рехабилитацијата.

Имобиле се повреди на натпреварот од Лига Европа против Локомотив Москва, кој Лацио го реши во своја корист во четвртокот со 2-0.

Италија во полуфиналето на фајнлфорот од Лигата на нации за противник ја има Шпанија, на 6 октомври, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Белгија и Франција.

Би можело да ве интересира

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот селектор задоволен од жрепката во Лигата на нации

Ана Ололовска

Фудбалска пресметка на Македонија и Бугарија во Лигата на нации

А1он

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Ана Ололовска

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата