За прв пат во клупската историја екипата на Валенсија го освои шампионскиот трофеј во најквалитетната шпанска кошаркарска лига.
Валенсија синоќа во четвртиот дуел од финалната серија од плеј-офот го победи Реал Мадрид и со вкупни 3-1 во победи стигна до трофејот.
Конечниот резултат на дуелот одигран во Валенсија беше 87:76. Како клучна се покажа разликата од 18 поени што домаќините ја направија во втората четвртина (29:11).
Састре со 17 поени е најзаслужниот за триумфот на Валенсија, додека Серхио Љуљ со 23 поени беше најефикасен кај Реал Мадрид.
За најкорисен кошаркар (МВП) на финалето е прогласен Бојан Дубљевиќ.
Шпанија по седум години добива шампион различен од Реал Мадрид или Барселона. Во 2010 титулата ја освои Басконија и оттогаш на тронот се наоѓаа Реал или Барселона.