Индиска атлетичарка обвинета за силување

Од:

Индиската атлетичарка Пинки Праманик е уапсена денеска под обвинение за силување. Веројатноста дека ова е вистина стана поголема кога пријателката на Праманик потврди дека таа е машко.

Праманик, вице-шампионка на Игрите на Комонвелтот на 400 метри и членка на златната штафета на Индија (4х400) на Азиските игри во 2006 година во Доха, ги отфрли обвинувањата, но одби да направи тестовите за утврдување на полот.

Меѓутоа, Судот наложи Праманик, која последните години ретко се натпреварува заради бројните повреди, да остане во притвор до 29 јуни и дотогаш медицински да се утврди нејзиниот пол.

Во обвинението против Праманик се наведува дека со партнерката последните неколку месеци живеела во вонбрачна врска и дека требало да се венчаат, но атлетичарката се предомислила.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата