Ибрахимовиќ сака подолг договор со Милан

Од:

Милан е во потрага по нов централен напаѓач и веќе неколку месеци преговара со Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, но главна пречка за враќање на големата ѕвезда на „Сан Сиро“ се несогласувањата околу времетраењето на договорот.

Според медиумите на Апенините, „росонерите“ сакаат да го ангажираат 37-годишниот ветеран само до крајот на сезоната, но Швеѓанецот, кој планира да го напушти Лос Анџелес Галакси откако тимот не успеа да стигне до плејофот, сака минимум 18-месечен договор со Милан.

За да се надминат овие разлики, агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола веќе пристигнал во Милано.

Прашањето за неговата плата сепак не е пречка за преговорите. Ибрахимовиќ сака годишен надомест од шест милиони евра, што значи дека на „Сан Сиро“ би доби девет милиони за една и пол година.
Овие барања се вклопуваат во буџетот на Милан.

Би можело да ве интересира

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска