Химки го освои Еврокупот

Од:

Кошаркарите на Химки го освоија трофејот во второто по квалитет клупско натпреварување – Еврокупот, со две убедливи победи во финалето против шпанскиот претставник Гран Канарија.

Химки покрај освоената титула обезбеди директен пласман во Евролигата во наредната сезона.

Откако во првиот меч во Шпанија Химки победи со 91:66, во реваншот во Русија, резултатот беше 83:64.

Џејмс Огастин со 18 поени, Тајрис Рајс со 16 поени и 6 асистенции и Пол Дејвис со 16 поени и 10 скока беа најзаслужните за победата на руската екипа.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ