Халеп ја декласираше Серена Вилијамс

Од:

Романската тенисерка Симона Халеп направи големо изненадување откако во меч од 2.коло од црвената група на Мастерсот ја победи најдобрата свестка тенисерка Серена Вилијамс со 2:0 во сетови. Притоа Вилијамс освои само два гема во вториот сет.

Мечот кој траеше 65 минути, Халеп го доби со 6:0 и 6:2 во гемови.

Вилијамс имаше вкупно 36 неизнудени грешки, а Халеп само 12. Двете тенисерки имаа по 6 брејк можности, Халеп искористи пет, а Вилијамс ниту една.

Со овој пораз прекината е серијата од 15 победи на Серена Вилијамс на завршниот турнир кај жените, а притоа таа последен пат само два гема освои во февруари 1998 година.

Во вториот меч од групата играат Ана Ивановиќ и Ежени Бушар.

Халеп има две победи од два меча, а Вилијамс остана со една победа од 1.коло над Ивановиќ.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари