Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Од:

Ловот по Црвена Звезда англиските медиуми го започнаа ден пред натпреварот против Манчестер Сити, а продолжи и ден по натпреварот на „Етихад“.

Актуелниот европски шампион потешко од очекувањата го совлада српскиот шампион во 1. коло од групата Г од Лигата на шампионите, а англиските таблоиди го свртеа вниманието на натписот на дресот на играчот на Звезда.

Во прашање е името на спонзорот „Газпром“, кој е со црвено-белите повеќе од 10 години, но проблемот е што доаѓа од Русија која година и пол ја напаѓа Украина.

Затоа е нападната и УЕФА која, се претпоставува, не требало да одобри носење на името на компанијата на дресот, иако правилата се многу јасни.

Имено, член 27 од правилникот предвидува тимовите да можат да добијат писмено одобрение од управата на УЕФА за секое рекламирање на спонзорите.

Сепак, Англичаните не се смируваат и истакнуваат дека „Газпром“ ја уништува животната средина и дека затоа е неподобна.

„Продолжувајќи да ги промовира компаниите кои ја загадуваат животната средина, УЕФА е соучесник во климатската криза“, се вели во соопштението, додавајќи ја врската со Владимир Путин:

„Од компании за нафта до гас до авиокомпании и линии за крстарење, Газпром е најлошиот пример за тоа. Не само што е мултинационална компанија која е еден од најголемите загадувачи во светот, туку и нејзиниот профит е вметнат во воената машинерија на Путин. Рекламирањето функционира со она што психолозите го нарекуваат „ефект на ореол“, при што гледачите несвесно развиваат позитивни чувства за една компанија поради она со што е поврзано и со врвниот фудбал“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава