Гвардиола: Некој може да плати 300 милиони за Меси

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека е реално да се активира клаузулата за откуп од 300 милиони евра за најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси.

Аргентинецот се уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб, иако тоа беше најавена, а „граѓаните“ сакаат да го искористат чекањето и да направат рекорд трансфер.

– Не знам кој би можел да ја активира таквата опција, но сигурен сум дека има клубови што ги имаат тие пари и кои сакаат да ги потрошат. Мислам дека може да се случи Меси да ја напушти Барселона, изјави Гвардиола.

Токму Гвараниола е една од причините поради кои Меси би дошол во Сити, бидејќи тие се одлични пријатели, но исто така и незадоволството на Аргентинецот со потезите на неговиот сегашен клуб, како и заминувањето на Нејмар.

Петкратниот добитник на Златната топка и Гвардиола успешно соработуваа во Барселона и освоија се што можеше да се освои.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот